Караванот на граѓанската трибина „На прав пат“ во Берово

Караванот на граѓанската трибина „На прав пат“, вечерва имаше претставување пред граѓаните на Берово. На трибината учествуваа заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, членот на ЦО на СДСМ Зоран Китанов и градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски.

– Од држава без перспектива до држава со надеж. Таква држава имавме во изминатите години, откако оваа Влада е на власт. Ова беше држава и без перспектива и без надеж. И најважно од се е што сега никој не се плаши. Ќе продолжиме така или ќе ја изолираме државата. Ќе изберете вие повеќе плати и пензии или ќе ја доделите власта на некои фамилии. Јас немам дилеми за Берово, ама ни требаат уште подобри резултати. Ќе бараме уште повеќе и од градоначалниците и од општините. Само така ќе бидеме на прав пат, рече Шекеринска.

Додаде дека земјоделците се во фокусот на тој „прав пат“ затоа што, како што рече, само за нивна поддршка издвоивме 198 милиони парични средства.

– И затоа не се зачудив кога на протестите на земјоделците неодамна имаше луѓе кои не знаеја зошто се таму. И затоа земјоделството, економијата, НАТО и европската перспектива се наши теми. Ве повикувам наместо ќор-сокакот кој ни го нудат да избереме стабилност за да нема мачење на граѓаните. Да се мобилизирате тука, да останеме на вистинскиот пат и да одиме на победа, порача Шекеринска од Берово.

Членот на ЦО на СДСМ Зоран Китанов рече дека Малешевијата од најзапоставен, станал регион каде најмногу се инвестирало во патишта.

– Најзапоставени беа патиштата во Источна Македонија. Четириесет и три километри рехабилитиран пат, Делчево – Пехчево, Берово – Виница, Делчево – граничен премин, Берово – Клепало. Се планира и патот кон Струмица и кон Радовиш ќе биде. Е затоа има разлика. Во времето на Груевски од 2007 до 2016 за девет години се рехабилитираа 615 километри патишта во државата, а за неполни три месеци ние имаме рехабилитирано 500 километри патишта во цела држава. Тоа што сега ги започнавме мостовите, полажува суштински разлики за кои се залагаме и дека сме на „прав пат“, истакна Китанов.

Пред присутните се обрати и пратеничката Јагода Шахпаска која истакна дека привилегија е да се вратат парите кај граѓаните.

– Од рамка на девет илјади денари, дојдовме до минимална плата од 14.500 денари веќе во јануари. Нема веќе блокирани сметки заради неплатена радиодифузна такса. Затоа велиме дека парите ги враќаме кај граѓаните. Особено сум горда на социјалниот пакет, бидејќи опозицијата не сакаше овој закон да ја види светлината на денот, рече Шахпаска.

Самото присуство на граѓаните покажува дека сме на прав пат, рече беровскиот градоначалникот Пекевски, кој истакна дека Берово се гради на сите полиња, напоменувајќи го реконструираниот дел од патот до граничен премин Клепало за капитална инвестиција што отвора можности од идната година преминот да профункционира.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *