Пожарот што зафати нискостеблеста шума и сува трева околу манастирот „Св. Преображение“ кај Крушево е локализиран и ставен под контрола, потврди за МИА крушевскиот градоначалник Томе Христоски.
На терен и натаму остануваат припадниците на територијалната противпожарна единица.
Пожарот што трет ден беснеше во околината на Крушево денеска во попладневни часови стана голема опасност за манастирот „Свето Преображение“ познат и како манастирот на Тоше Проески.
Ангажирани беа околу 200 лица од противпожарните единици од Крушево, Прилеп, доброволци, а интервенирале и хеликоптери на Армијата.
– Околу 15.00 часот пожарот кој зафати нискостеблеста шума и сува трева се приближи на 100-ина метри до манастирот „Свето Преображение“ над Крушево. Опасноста беше голема. Со интервенција на хеликоптери на Армијата, со доброволци и од противпожарните единици на Крушево и на Прилеп е отстранета опасноста. Вечерва екипите и доброволците ќе дежураат на теренот, изјави Христоски за МИА.
Манастирот „Свето Преображение“ е завет на Тоше Проески кој почна да го гради. Вечерва противпожарните екипи и доброволци ќе дежураат и ќе ги контролираат огнените јазици да не се доближат до манастирот.
Insightful read! I found your perspective very engaging. For more detailed information, visit: READ MORE. Eager to see what others have to say!