Премиерлигашот Свонси кој се бори за опстанок во најсилната англиска лига, сака на својот гол да го види македонецот Дени Илиев, кој е трет голман на Арсенал, брани за екипата до 23 години и ретко добива шанса да застане меѓу стативите на првата екипа покрај Петр Чех и Давид Оспина.
Од друга страна Свонси мака мачи токму на оваа позиција и е многу загреан во зимскиот преоден рок да го донесе Илиев во своите редови.
Последниот збор сепак ќе го има Арсенал, бидејќи Илиев е пријавен за настап во Премиер лигата, а тешко веројатно е дека “топчиите” ќе се одлучат да го дадат својот трет голман.