Вчера 41 милион денари за оризопроизводителите, денеска 153 милиони денари за млекопроизводителите

На 1.130 оризопроизводители вчера им беа исплатени 41 милион денари за предадена арпа, а денеска на сточарите ќе им бидат исплатени 153 милиони денари за предадено млеко.  Исплатата преку програмата за финансиска поддршка во земјодеството и руралниот развој, како што веели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, следи откако се направи ребалансот на буџетот и стана оперативен.

-Исплатената мерка од пет денари за оризопроизводителите е интервентна, додека за млекопроизводителите се исплаќа редовната мерка. Дополнителните 915 милиони денари кои ги добивме со ребалансот ќе бидат насочени претежно кон интервентни мерки, а заедно со буџетот за 2019 година ќе им бидат исплатени близу седум милијарди денари на земјоделците, рече Димковски на денешната прес-конференција.

Потсети дека лани се воведоа неколку интервентни мерки, а годинава, како што кажа се исплаќаат и тоа еден денар дополнителна субвенција за откупувачите на пченица за што се предвидени 40 милини денари, три денари за јаболкопроизводителите за што се очекува дабидат исплатени околу 160 милиони денари, а предвидени се и 40 милиони денари за депопулација на свињите доколку има потреба поради африканската свинска чума.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски посочи дека само за два дена се исплатени 194,75 милиони денари за предадено овчо, козјо и кравјо млеко и за предадената оризова арпа.

-Во изминатиот период тековно одеа редовните исплатени, а одиме со исплатата на мерките кои се дополнително воведени. За овошните култури предадени  во преработувачките капацитети исплатени се 75 милиони денари на 1.460 лица од кои само за јаболкото се 39,5 милиони денари, а за другите овошни култури вкупно исплативме 115 милиони денари. За дополнителната мерка за грозјето беа исплатени 6.240 лица со 66,2 милиона денари, рече Бабовски и додаде дека со дополнителните плаќања се трудат да се надомести и се она што беше како елемнтарна непогода и да се намалат загубите на земјоделците.

До овој момент, како што кажа, земјоделците наточиле зелена нафта за земјоделската механизација во вредност од 71,6 милиони денари за што биле доставени 50.500 персонализирани картички.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *