Општина Куманово ги врати на корисничко право, спортската сала, градскиот стадион, Соколана и стрелиште

Градскиот стадион, стрелиште, спортската сала и комплексот Соколана од денеска се во владение на општина Куманово. Градоначалникот Максим Димитриевски и в.д  директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти во сопственост на Република Северна Македонија, Хајредин Шпенди денеска потпишаа  договор за отстапување на корисничко право на спортско-рекреативниот центар Спортска сала, Градскиот стадион, Градско стрелиште и  спортскиот комплекс Соколана.

Овие објекти и се дадени на Општина Куманово на трајно користење, информираа од општината од каде додаваат дека објектите денеска ги посетиле градоначалникот, директорот на претпријатието и Даниел Димевски, надворешен соработник за прашања во областа на спортот и унапредување на спортот во РС Македонија .

-Општина Куманово подолг временски период водеше иницијатива да си ги врати спортските објекти во сопствена надлежност кои своевремено и припаѓаа за да може да планира инвестиции во објектите, бидејќи како што и самите видовте се наоѓаат во очајна, многу лоша состојба, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, склучување договори од страна на субјекти кои не ги исполниле своите обврски. Еден позитивен пример, благодарејќи на директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти и Владата на РСМ, наидовме на разбирање, рече Димитриевски.

Тој потсети дека Соколана веќе е дадена на користење. Општината ќе ги заштити овие објекти, ќе подготви планови за реконструкција, за спортската сала општината веќе подготви проект за кој одвои два милиони денари, а според Димитриевски, има најави од Владата дека во следниот буџет ќе се определат средства за реконструкција на спортската сала.

Објектите ќе бидат заштитени, бидејќи некои се значително оштетени и по фази ќе се реконструираат. Димитриевски не исклучи можност и за јавно приватно партнерство. Процесот ќе трае извесен период, најави кумановскиот градоначалник и додаде дека  дивоизградените објекти околу спортските објекти ќе бидат урнати, за некои веќе има општината има постапка, дел плаќаат рента за закуп на земјиштето.

-За санација и реконструкција на спортската сала предмет пресметката покажува 187 милиони денари-изјави Димитриевски. Најголем дел од средствата се планирани за системот за затоплување и разладување кој е најскап дел од проектот, но тој ќе се редуцира за да се постигне заштита од атмосферски води, ќе се менува подот, за непречено одвивање на натпреварите.

Директорот ЈП за стопанисување со спортски објекти, Шпенди изјави дека имале добра сорабтока со општината, направена е програма за предавање на спортските објекти кон општините.

-Владата ја одобри таа програма и видовме дека многу од објектите се во многу лоша состојба и никој не се грижи за нив. Градоначаникот се заложи да се поправат за доброто на граѓаните, изјави Шпенди кој додаде дека овие објекти со децении биле оставени на забот на времето.

Советникот од Владата за спорт, Даниел Димевски, информираше дека Владата ќе помогне за спортската инфраструктура.

-Не случајно почнуваме од Куманово, кој отсекогаш бил спортски град, очекувам да биде и понатаму. Се најдовме на иста бранова должина, на овие спортски објекти треба да им се даде максимален приоритет, да ги имаме во одлична кондиција, Куманово повторно да биде перјаница на македонскиот спорт-рече Димевски.

Тој очекува брзо Владата да одлучи да учествува во реконструкција, а ќе се најдат и други заинтересирани страни кои би се вклучиле во ревитализација на спортската инфраструктура во градот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *