Поставени нови сообраќајни знаци во Велес

По налог на Општина Велес екипи на ЈКП „Дервен“ деновиве поставија нови сообраќајни знаци на повеќе фреквентни сообраќајници во градот. Целта е да се зголеми безбедноста на сите учесници на сообраќајот: на возачите, на пешаците, а  најмногу  на најмладите  – децата, кои одат пеш на училиште.

Од Општина Велес воедно апелираат до граѓаните совесно да се однесуваат кон пoставените сообраќајни знаци и да не ги кршат, виткаат и оштетуваат.

Тие информираат дека за жал многу честo, знаците се кршат и уништуваат од поедини несовесни граѓани, но и пијани возачи кои возат пребрзо и удираат во нив.

-Апелираме до сите граѓани за совесно и одговорно  однесување кон сообраќајните знаци, со што ќе придонесат за поголема безбедност во сообраќајот. Со тоа ќе го заштитат својот и животите на останатите граѓани, учесници во сообраќајот, порачуваат од Општина Велес.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *