Пласманот се уште проблем за органското производство

Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“, поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска во Битола организираше промтивен настан за поттикнување и развивање на органското производство.

Според заменик министерот за земјоделство, Благе Цветковиќ, Владата презеде конректни мотивирачки активности за производителите, но и тие треба да вложуваат, посебно во знаења за органското производство.

-МЗШВ го поддржува и поттикнува органското производство зашто тоа ќе може да се пласира на странските пазари. Последниве години забележлив е трендот и зголеменото органско производство, а во 2019 година беа обезбедени 89 милиони денари поддршка. Земјава има големи природни потенцијали за развој на органско производство, рече Цветковиќ.

Учесниците на манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“ беа информирани за начинот за сертифицирање на производите во органски производи, а со посредство на ЗЕЗ „Зелена берза“ – Битола промовираа и дел од своите производи.

-Во државата се сертифицирани околу 1.000 субјекти, дел за растително производство, но има и сточари, пчелари, преработувачи, трговци и други. Тие во секојдневието се среќаваат со различни проблеми, малите производители се соочуваат со проблеми со пласманот, не се достапни до купувачот, или не се доволно информирани со кои заштитни средства може да се заштитуваат одредени производи, изјави Горан Колев, претставник на сертификациското тело, акредитирано за контрола и овластено од МЗШВ за контрола на органски производи.

Во рамки на проект проектот „Незаменливиот вкус на традицијата“ ќе биде објавена публикација посебно корисна за младите да се поттикнат да се занимаваат со земјоделство и традиционален начин на приготвување различни македонски специјалитети, беше истакнато на настанот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *