Пуштена во употреба училишната спортска сала во кумановско Черкези

Ученици од основното училиште „Јероним Де Рада“ од кумановско Черкези, од денеска ќе можат да спортуваат и да следат настава по физичко образование во новоотворената спортска сала во училиштето. За изградбата на салата која зафаќа површина од 650 метри квадратни и е опремена со современи спортски реквизити, наменети за фудбал, ракомет, одбојка, кошарка, Владата преку Министерството за образование одвои 24 милиони денари.

На свеченото пуштање во употреба на салата присуствуваа министерот за образование Арбр Адеми, вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вицепремиерот, задолжен за европски прашања Бујар Османи, градоначалниците на Куманово и Липково, Максим Димитриевски и Еркан Арифи, претставници од училиштето, од советот на општината, граѓани.

Министерот  за образование и наука Арбр Адеми, изрази задоволство од реализираните проекти во поширокиот кумановски регион.

-Чест и задоволство ми е што сум дел од оваа Влада каде што на најсериозен начин ги разгледуваме можностите за подобрување на условите во училиштата на целата територија на РСМ и навистина треба да го вратиме долгот кон Куманово и Липково, бидејќи пред оваа Влада досега немаше инвестирано во образованата инфраструктура, затоа започнавме спортски сали, ќе продолжиме со реконструирање на училиштата, бидејќи една и единствена цел е подобрување на квалитетот на националниот образоване систем, рече ресорниот министер.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека е задоволство да се присуствува на завршени проекти кои имаат влијание врз развојот на идните генерации.

-Ако сакаме да имаме развој на државата, квалитетно образование кое преку образованите кадри ќе може да се гарантира иднината, развојот и просперитетот на државата. За да имаме здрави генерации треба да создаваме услови што е можно повеќе нашите млади генерации да се занимаваат со спорт, да вложуваме сите заедно во здрав живот. И од тој аспект Владата на Република Северна Македонија ги прави сите можни напори за реализација на вакви проекти, истакна Спасовски.

Ова е втора сала која се пушта во употреба во градот, а во тек е изградба на нова кај „Наце Буѓони, рече Спасовски, додавајќи дека во минатото немало ниту еден денар вложено во Куманово, иако граѓаните ги плаќаат даноците, и затоа е битно да се насочат дел од тие средства за инфраструктура, здравство, образование во Куманово, што во последниве две години се инвестира, потенцирајќи ги тековните реконструкции, изградба на патишта во кумановско.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи го честиташе отворањето на салата.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски се заблагодари на  надлежните, рече дека ова е втора изградена училишна спортска сала во општината и ги повика претставниците на Владата да продолжат со инвестиции во училишната инфраструктура во општината.

-Учеството во овој проект на општината можеби е скромен, но за нас е значаен бидејќи ние во Куманово ги подобруваме работните услови за квалитетно одвивање на наставата. Да создаваме услови за развој на здрави генерации, рече Димитриевски, укажувајќи дека во тек е изградбата на  училишната сала во „Наце Буѓони“.

Директорот на училиштето, Хаким Јахиу, информираше дека за вкупно за ова училиште ресорното министерство, последниве две години одвоило 30 милиони денари, за изградба на салата, за промената на кровната конструкција и наскоро ќе почне поставување на нова фасада на училиштето. Тој се заблагодари на Владата, МОН, на ЕУ,  локалната самоуправа, укажувајќи дека во изминатиот период биле сменети прозорци, внатрешното уредување, обновени ѕидови и друго.
Училиштето е изградено 1971 година, а надградба на уште еден дел е извршена 1988 година.

Во Куманово беше пуштена во употреба училична спортска сала во средното „Перо Наков“ , салата во „Јероним де Рада“ е втора која се гради, а во тек е поставување на метална конструкција за салата кај средното „Наце Буѓони“.

Инаку, министерот за образование Арбр Адеми, за состојбите во Чашка, рече дека тој е поборник на квалитетен образовен систем, а не партизирање и политизирање на образованието.

-Со градоначалникот сме во постојана комуникација и не сакаме поради политички цели, некој да го злоупотреби образованиот процес, да ги злоупотреби децата и да има апсурдни прашања за кои протестираат, така што ова општество треба да им нуди можност на сите деца на сите граѓани, треба да го искористиме потенцијалот на секое дете, бидејќи секој е жител на оваа држава и само заедно можеме да постигнеме резултати. Така што, евентуалниот протест, ако се организира, бидејќи немам информации дали се органиаира истиот го сметам како

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *