Македонско-бугарска полициска соработка против корупција на граничните премини

На граничниот премин Делчево – Станке Лисичково денеска се реализираа заеднички активности на министерствата за внатрешни работи на Северна Македонија и Бугарија, како дел од проектот „Остани чист, кажи НЕ на корупцијата“. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека проектот е резултат на  квалитетна соработка на двете министерства.
-Во конкретниот случај, соработка помеѓу нашиот Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Дирекцијата за внатрешна сигурност при МВР на Република Бугарија, коишто во насока на интензивирање на билатералната и регионалната соработка во областа на превенцијата и борбата против корупцијата уште еднаш покажуваат дека заедничкиот настап и партнерство се клучни како за регионалната, така и за националната безбедност на земјите, со заедничка констатација дека корупцијата може да се спречи само со заеднички превентивни активности на двата гранични премина, рече Спасовски.
Во рамки на активностите за сузбивање на корупцијата, како што истакна, се работи на изготвување заеднички телефонски број на кој граѓаните од двете земји ќе можат да пријават корупција,
-Целта е да ја подигнеме свеста кај граѓаните да пријават корупција. Секој од граѓаните треба да сфати дека јавната безбедност не е институцијата, туку тоа сме сите ние и секој граѓанин треба да има одговорност во однос на борбата против криминалот и корупцијата. Целта мора да биде сите на крајот да констатираме дека сме се избориле успешно против корупцијата, дека не сме дозволиле криминалците и арамиите да ги водат институциите, туку, напротив, чесните и одговорните луѓе ќе бидат тие кои ќе бидат препознаени во институциите, додаде Спасовски.
Тој изрази жалење, што мал дел вработени во институциите го уриваат имиџот и на институциите и на државата во целина.
-Конкретно, нашиот оддел за внатрешна контрола работи постојано во однос на сузбивањето на корупцијата и други незаконски постапувања. Ние пред три недели во близината на Дебар по дојава, имавме апсење на полициски службеник кој зел мито во текот на своите законски овластувања. Имавме пред два месеца контрола од Одделот на внатрешна контрола и професионални стандарди на граничен премин „Богородица“, каде и таму успеавме да сузбиеме систем на корупција, по што имаше приведување на неколку цариници на граничен премин, така што тоа покажува дека како Министерство за внатрешни работи сме подготвени во една неселективна борба против корупцијата, која треба да биде поткрепена и од граѓаните, но и од медиумите кои ја имаат клучната улога за зголеување на свеста кај граѓаните во однос на оваа појава, истакна Спасовски.
Бугарскиот министер Младен Маринов истакна дека преку ваквите заеднички активности на многу полесен начин се откриваат недозволените активности на граничните премини.
-Во многу заеднички акции покажавме дека има многу случаи кога имаме откриено практики со индиции на корупција, што значи дека откривањето таква корупциска практика е добро за имиџот на министерството и покажува дека со овој проблем се бориме успешно, рече Маринов.
На полициските службеници во  акцијата им помагаа студенти во завршните години на Факултетот за безбедност при Универзитетот св.„Климент Охридски“-Битола, кои го делеа едукативниот материјал на патниците на граничниот премин, информирајќи ги за начинот и можностите за пријавување корупција од службени лица и во двете држави.

 

One thought on “Македонско-бугарска полициска соработка против корупција на граничните премини

  1. This article is fantastic! The insights provided are very valuable. For those interested in exploring more, check out this link: LEARN MORE. Looking forward to the discussion!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *