Изложба на книги посветени на Денот на македонската револуционерна борба

 Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола организираше празнична изложба на книги посветени на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

Станува збор за книги од различни автори инспирирани од периодот кога на 23 октомври 1893 година во Солун беше основана Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО) и која подоцна станува македонско национално движење со крајна цел, автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Читателите и членовите на Библиотеката во Битола може да прочитаат и да се потсетат на основачите на организацијта, односно  Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, но и за други историски моменти од тој период како што се организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа и преку НОВ резултира со создавање современа самостојна македонска држава, информираа од оваа национална установа која традиционално пред секој државен празник организира изложба на книги со повод.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *