Познати добитниците на наградите „7 Ноември“ што ги доделува општина Гевгелија

Познати се добитниците на наградата „7 Ноември“ што општина Гевгелија јубилејно ги додлеува секоја петта година по повод Денот на ослободувањето на овој град.

Наградата за животно дело постхумно ќе му биде доделена на музичкиот педагог Александар Попов за значајни постигнувања во областа на музичката уметност, за неговиот придонес во развојот на музичката култура кај младите и за афирмацијата на општина Гевгелија.

За значајни постигнувања во изминативе пет години, Советот одлучи да додели две златни плакети од кои едната на музичките професори Љубица и Ѓорге Улишеви и другата на граѓанското здружение „Тера“ за развој и афирмација на општината преку манифестацијата „Смоквијада“.

Годинава, ќе бидат доделени три сребрени плакети и тоа на фолклорните ансамбли „Бојмија“ од Гевгелија и „Танец“ од Миравци за долгогодишно негување на македонскиот фолклор и на театарската група „Дон Кихот“ од Гевгелија за постигнувања во областа на театарската уметност.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *