Почитувани,
За вчерашната средба во Давос меѓу Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:
Македонскиот народ нема да прифати нов Букурешки Договор!
Скандалозното ветување на Зоран Заев за преименување на аеродромот и автопатот од “Александар Велики” во “Пријателство” е прв чин за подготовка на целосна капитулација. Не во име на народот и не во име на Татковината! Исполнување на хировите на Атина ги сметаме исклучиво како личен чин за кој одговорноста ја презема Зоран Заев. Доста ни е од попуштање без реципроцитет! Не бараме подарок, бараме меѓународна правда! Без доследно почитување на Времената Спогодба од 1995 и пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг преговорите се единствено на наша штета. Сакаме влез во ЕУ и НАТО но достоинствено без велепредавства!
СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕ на Македонскиот национален идентитет!
ИТЕН прекин на преговорите! Да ги зачуваме стратешките национални интереси!
Никој не му дал право на Зоран Заев да си игра со најсветото, името на нашата Татковина! Македонија не е на дедо му за да може да врши велепредавство.
Македонскиот народ е единствен суверен владетел на името, идентитетот и иднината на Татковината. Ниту еден лидер, ниту една партија или коалиција нема мандат да решава за името и да биде над народот. Претходните генерации со херојство и саможртва се изборија за светото име Македонија и никој нема право да ги брише историските придобивки на Македонскиот народ.
Македонскиот народ не прифаќа никакви одредници во името кои наводно требале да направат разлика меѓу Грчкиот регион и нашата Татковина. Ние сме биле, сме и ќе останеме Македонци во Република Македонија.
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски