Костадинов: Мицкоски избега од избори во декември зашто се плаши од граѓаните

На вчерашната лидерска средба ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уплашија од брзи избори.

Тоа што Мицкоски не прифати избори во декември кажува дека се плаши од граѓаните, знае дека го чека нов пораз.

Јасно е дека СДСМ и коалицијата што ја предводи се фаворити на изборите на 12 април.

Во изминатите 2 години ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беа единствените што работеа против реформите, против напредокот, против интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Единствените кои се радуваа на историската грешка на Самитот во Брисел беа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Оние кои 11 години ја држеа земјата во изолација, далеку од демократскиот свет.

За 2 години ВМРО-ДПМНЕ не понуди ниту една идеја, нема програма, ниту визија.

Тие нудат само обнова на режимот и криминалот.

Ние сме со граѓаните постојано на терен. Од нив ја црпиме силата, со нив заедно на 12 април ќе го потврдиме патот по кој одиме.

Тоа е патот на повисоки плати, на огромна социјална помош, патот на бескомпромисна и неселективна борба со корупцијата, патот на враќањето пари назад кон граѓаните.

Граѓаните не сакаат и нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во темното минато на режим, криминал и неизвесност.

На 12 април одиме на голема победа за да продолжиме по вистинскиот пат.

П: Мицкоски вчера после лидерската средба информираше дека побарал од лидерите да се усвои една резолуција односно да се реагира на бугарската резолуција каде се бара откажување од македонскиот јазик и македонското малцинство, кој е ставот на СДСМ дали вие би прифатиле вакво нешто, со оглед на тоа дека Мицкоски бара ваквата резолуција да се донесе во Парламентот?

Да почекаме да го видиме конкретниот предлог на Мицкоски доколку го има. Едно нешто со сигурност никој не може да го оспори, тоа што е потврдено и во личната карта која што ја имаме во ОН, а тоа е дека ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик. Би сакал да кажам дека Република Бугарија е наш важен сојузник со кој треба да продолжиме да градиме мостови на пријателство. Особено го цениме фактот што Република Бугарија секогаш била поддржувач во нашите интерактивни процеси, а тоа се докажа и на Самитот во Брисел. Односите со Република Бугарија и со сите наши соседи мораме да ги градиме како одговорни, особено ние политичарите, без никој да биде повреден и секако на ниту еден начин да бидат нарушени националните чувства. Знаеме дека во Република Бугарија веќе е во финална фаза кампањата за локалните избори, а кампања за кратко ќе почне и во нашата држава и треба да бидеме особено внимателни да на било кој начин не дозволиме да го исполитизираме Договорот, всушност тоа е и целта на Договорот. Не смее да биде исполитизиран, затоа што секоја калкулација, секој обид да се политизира Договорот, на некој начин ќе се спречи и неговото донесување и потпишување, во таа смисла особено треба да бидеме внимателни да не ги политизираме договорите и секако даваме шанса да го видиме прво предлогот и да разговараме на таа тема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *