Столтенберг: Со нетрпение ја очекуваме Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Твитер објави дека телефонски разговарал со премиерот Зоран Заев со цел да ја реафирмира посветеноста на Алијансата на членството на Северна Македонија.

– Добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев за реафирмирање на посветеноста на НАТО на членството на Северна Македонија. Процесот на ратификација е во тек и со нетрпение очекуваме Северна Македонија наскоро да и се приклучи на нашата Алијанса, објави Столтенберг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *