Шекеринска во Куманово на панел дискусија за придобивките и предизвиците од членството во НАТО

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, денеска во Куманово ќе учествува на панел – дискусија посветена на политичко – безбедносните придобивки и предизвиците од членството на нашата држава во НАТО – Алијансата, во организација на Инфо-центарот за евроатлантски интеграции.

Панел дискусијата се организира во период во кој Северна Македонија, со ратификации на пристапниот протокол во 25 парламенти на земјите – членки, одбројува до полноправното членство во НАТО.

На панелот, информираат од МО, покрај министерката Шекеринска, ќе говори и амбасадорката на Црна Гора во нашата земја, Марија Петровиќ.

Дискусијата е дел од НАТО – караванот чија цел е да поттикне дебата за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето во Алијансата, како и да им се даде можност на граѓаните да дознаат повеќе за процесот на пристапување и улогата на НАТО во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.