Обвинителството бара куќен притвор за Дурловски и мерки на претпазливост за Пешевска

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција бара на пратеничката Жаклина Пешевска да и биде заменет куќниот притвор со мерки на претпазливост, а за Игор Дуловски притворот да му биде заменет со куќен притвор. За останатите осомничени за настаните во македоското Собрание се бара продолжување на веќе изречените мерки.

Барањето од Основното јавно обвинителство е доставено до Кривичниот суд Скопје 1.

– Надлежниот обвинител побара од судот за лицето Ж.П да биде укината мерката куќен притвор и истата да биде заменета со мерки на претпазливост, а за осомниченото лице И.Д. мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор. За останатите осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство.