Претседателот на ДУИ Али Ахмети добил покана од претседателот на државата Стево Пендаровски за средба на лидерите на политичките партии од македонскиот и од албанскиот политички блок в недела во вила „Водно“, потврдија за МИА од ДУИ.
Засега нема потврда за тоа дали поканата веќе ја добиле и лидерите на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ и евентуално други политички партии.
Од Кабинетот на претседателот Пендаровски велат дека со информација за ова прашање ќе излезат по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел.