Средба на министерот Шапуриќ и градоначалничката на Битола Петровска

Министерот без ресор задолжен за регулативата за подобрување на инвестициска клима за домашни компании Зоран Шапуриќ ја посети oпштина Битола и оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска.

Од општина Битола информираат дека на средбата со министерот Шапуриќ, градоначалничката Петровска детално го запознала со финансиската состојба во која се наоѓа општината. Се разговарало и за насоките во кои е предвидено понатамошно делување со цел создавање поволна бизнис клима за понатамошен развој и напредок на домашните претпријатија, како и за мерките кои се предвидуваат со цел подобрување на инвестициската клима за отворање нови домашни претпријатија.

На средбата со министерот Шапуриќ учествуваа соработници на градоначалникот на општина Битола и претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски.