Џафери во Белград се сретна со претседателката на српското Собрание Гојковиќ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери во рамките на последниот ден на 141-то Собрание на Интерпарламентрната унија во Белград денеска оствари средба со домаќинот на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија, претседателката на Народното собрание на Србија Маја Гојковиќ.

На средбата беа разменети информации за билатералните односи и актуелните случувања во двете земји, особено во врска со евроинтеграциите.

Соговорниците се согласија дека парламентарната дипломатија претставува значаен сегмент од секојдневното парламентарно работење и можност за промовирање на видливоста на парламентите надвор од границите на државата, но и можност за споделување на заеднички искуства и добри практики.

Во Белград во тек е расправа на генералното собрание на ИПУ по што се очекува усвојување на Белградската декларација.

На ИПУ учествуваат 1.700 претставници од над 140 земји–членки на Интерпарламентарната унија и 70 претседатели на парламенти, меѓу кои е и делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од претседателот Талат Џафери.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *