Официјално закажан протестот за „одбрана на името Македонија“ во Атина

За 4 февруари, во 14 часот, на плоштадот Синтагма во центарот на Атина и официјално е закажан новиот протест за „одбрана на името Македонија“. На прес-конференција, јавува дописникот на МИА од Атина, организациите и здруженијата кои стојат зад организирањето на собирот, а во голем дел од дијаспората, соопштија дека формирале координативен комитет, задолжен за организацијата и повикаа на масовно учество.

– Го повикуваме грчкиот народ да продолжи во неговата борба. Територијалниот интегритет на земјата е под закана од отстапувањето на името Македонија. Само масовно учество на народот во протестот може да го спречи тоа, соопштуваат организаторите.

Еден од четворицата одговорни за организирањето, Јоргос Тациос, говорејќи утрово за грчката ТВ Скај, рече дека очекува да се испрати важна порака и од Атина и масовно присуство на Грците, особено оние од јужниот дел на земјата кои не биле во можност за учествуваат на собирот во Солун. Тациос, кој е претседател на „Федерацијата на културни здруженија на Македонците“, за Скај рече дека организирањето на протестот чини помалку од 10 илјади евра, а го плаќаат организациите од дијаспората.

За разлика од протестот во Солун, каде што на насобраните граѓани им се обратија претставници на организаторите, овој пат во Атина, нема да има говорници, освен ако не се најде општо прифатена личност што ќе ги поздрави присутните. Во овој контекст се споменува името на познатиот грчки композитор Микис Теодоракис. Дел од членовите на движењето на граѓани „Термаикос ора миден“,  што се јавува меѓу организаторите, порано, биле дел на движењето „Спита“ на Теодоракис.

Организаторите, за грчките медиуми велат дека сакаат да добијат благослов од архиепископот на ГПЦ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *