Османи: Средбата со Варвициотис порака до ЕУ дека европската перспектива создава нови пријатели

Надеж дека земјите-членки и Франција ќе ја сфатат важноста на претстојниот Самит на Европската унија, дека тој не е обичен самит, туку ја има тежината на Солунскиот од 2003 година кога е отворена перспективата на регионот кон Унијата, порача денеска од Брисел вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, по средбата со  грчкиот алтернативниот министер за надворешни работи Милитиадис Варвициотис.

-Одлуката утре може да ја задржи вратата отворена и таа перспектива да остане отворена, рече Османи кој истакна дека вчерашниот исход од состанокот на Советот за општи работи бил разочарувачки, а во текот на дискусиите имале судир на два концепта.

Едниот, како што појасни, инсистира двете земји да добијат одлука, односно да биде испочитуван пакетот Северна Македонија и Албанија, а другиот, поддржуван од група земји кои инстираат само Северна Македониј да добие одлука.

-Немањето консензус се случи на крај како резултат на судир на тие два пристапа и се надевам дека ќе се надмине на Европскиот совет на ниво на шефови на држави, рече Османи.

Нагласи дека вчера имало жар во дебата и во аргументацијата на над 20 земји-членки, кои се залагале дека земјата треба да почне преговори.

-Само една земја го спори начинот на кој се одржуваат преговорите и предлага воведување нова методологија пред да се донесе каква било одлука. Остануваме на ставот дека тие два процеса треба да се одвиваат паралелно, дека ниту кој било во регионот е против нова методологија која ќе го зајакне процесот, рече Османи.

Додаде дека самата одлука е тест за капацитетот на ЕУ да го одржи своето ветување кон земјата и регионот.

За денешната средба со Варвициотис, нагласи дека симболично значи грчка поддршка за нашата евроинтеграција.

-Праќаме порака до ЕУ дека европската перспектива доведе до можност да се создадат нови пријатели во регионот, рече Османи и додаде дека на средбата разговарале за билатерални прашања, потребата од забрзување на импелентацијата на Преспанскиот договор, но и за вчерашниот министерски состанок во Луксембург.

Алтернативниот министер Варвициотис вчера го поддржал почнувањето преговори со земјава, а тоа Грција ќе го стори и на Самитот на шефови на држави.

-Не само што ќе гласаат за отворање преговори со нас, туку ќе се обидат да ги убедат другите земји членки зошто тоа е важно за земјата и за односите меѓу двете земји, за стабилноста на регонот и кредибилитетот на ЕУ, рече Османи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *