Во пресрет на одлуката на Европскиот Совет треба да ги расчистиме нештата. Доколку, не дај боже, биде одложена одлуката за првата половина на 2020, на Пендаровски, Заев, Димитров и Шекеринска, да не им паѓа на ум да се обидуваат повторно да не лажат. Одговорноста оди исклучиво на нивна адреса, бидејќи не послушаа ниту едно предупредување. Да се потсетиме!

 

Прво, оваа малцинска и ненародна власт беше насилно октроирана на власт од нејзините ЕУ спонзори заради тоа што беше единствената политичка структура во Македонија, и прва во изминатите 28 години, која вети и прифати да ги потпише велепредавствата со Бугарија и Грција. На крилата на ветувањата на Могерини, Хан, Меркел и другите Европски политичари, немакедонската Влада игнорираше дека повеќе од 700 илјади граѓани на пропаднатиот референдум лани, се спротиставија на Договорот ЗаевЦипрас. Тврдеа дека спорот за името е единствената причина зошто нема придвижување во ЕУ интеграциите.

 

Второ, во јуни 2018 не лажеа дека сме добиле датум за преговори, па после го ревидираа својот став. Заев после средбите со Меркел и Макрон не убедуваше дека сега во октомври 100% ќе ни биде одреден датум за отпочнување преговори. Ако случајно Европскиот Совет ја одложи одлуката за 2020 нема ниту една логична причина да се верува дека ЕУ лицемерите ќе го одржат зборот.

 

Трето, утешни формулации не прифаќаме. Шпекулациите дека наводно сега Европскиот Совет формално ќе препорача датум за преговори, а првата меѓувладината конференција со ЕУ која ќе одреди нов формат на преговори, да се одржи не подоцна од јуни 2020, е вовед во сценариото дека Македонија нема да влезе во ЕУ НИКОГАШ! 

 

ОДЛАГАЊЕ НА ОДЛУКАТА ИЛИ УТЕШНИ ФОРМУЛАЦИИ ЌЕ БИДАТ ИНДИКАТОР ДЕКА ЗАЕВ Е ПУШТЕН ПО ВОДА ОД ЕУ! ПРВИОТ СИГНАЛ СТИГНА ОД БУГАРИЈА! БОРИСОВ МУ ГО ТРГНА ЧЕРГИЧЕТО НА ЗАЕВ!  БУГАРИЈА ПОТВРДИ ДЕКА СМЕ ВО ПРАВО КОГА ТВРДИМЕ ДЕКА НИТУ ТИЕ НИТУ ГРЦИТЕ ЌЕ ПРИЗНААТ НЕКОГАШ МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ! ЗА НИВ СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕМЕ ВЕШТАЧКА ТВОРБА НА ТИТО ПОСЛЕ 1944! НИТУ ЕДЕН ДОГОВОР ТИЕ ГРЧКИ И БУГАРСКИ ИДИОШТИНИ НЕМА ДА ГИ СМЕНАТ! ТОКМУ ЗАРАДИ СЕРВИЛНОСТА И ПОДАНИЧКОТО ОДНЕСУВАЊЕ, НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ЌЕ ДОЖИВЕЕ ТЕШКА ПОЛИТИЧКА КАЗНА! МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА НЕМА НИКОГАШ ДА ГО ПРОСТИ ОВА НАЦИОНАЛНО ПОНИЖУВАЊЕ!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                   Претседател,

                                                                                          МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА                                       

SHARE