Собир на младински работни акцијаши од поранешна Југославија во Велес

По повод 60-годишнината од формирање на младинската работна бригата „Кочо Рацин“, денеска на Спомен костурницата во Велес се собраа околу 200 акцијаши – ветерани и нивни подмладоци од републиките на поранешна Југославија, и засадија пет зимзелени садници како симбол на досегашна и идна соработка и пријателство меѓу народите..

Душан Атанасовски заменик командантот на МРБ „Кочо Рацин“, во изјавата за МИА потенцира дека  главната цел на бригадата и на здружението е да го промовира  доброволното работно акцијаштво меѓу младите генерации.

-Со прием на нови млади акцијаши нашата обврска како ветерани се намалува и нашите работни искуства ќе им ги пренесеме на младите. Тоа е и нашата првенствена цел на здружението и бригадата, по нашиот пат да тргнат нашите деца и внуци, да  научат доброволно да работат, но и да се дружат и стекнат нови пријателства за цел живот. Ние сме се уште тука како ветерани да ги научиме на тие вредности на работно младинско акцијаштво преку волонтерска работа до другарување и пријателство и стекнување и насочување кон вистинските животни вредности, потенцира Атанасовски.

Свеченоста беше збогатена со настап на детскиот хор „Св Кирил и Методиј“,  изведба на композиции од  Благој Панов Оршата, и песни од Рацин од Драган Миладиновски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *