Во организација на невладината организација „Хрватско-македонска тангента“, од денеска до 16 октомври во посета на Скопје ќе биде градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ со соработниците Мирјана Журиќ, начелник за општествени дејности и Дино Караџоле, директор на Туристичката заедница на Град Шибеник.
Предвидени се средби со личности и институции од јавниот и политичкиот живот на македонскиот главен град. Покрај средбата со градоначаникот на Скопје, Петар Шилегов, делегацијата на Градот Шибеник ќе го посети и македонскиот парламент, како и владините агенции за иселеништво и промоција на туризмот.
Во текот на престојот, Буриќ ќе оствари средби со директорот на клиниката „Жан Митрев“ и со директорот и ректорот на Универзитетот Американ колеџ.
Исто така, предвидена е средба со претставниците на Заедницата на Хрватите во Македонија.
По повод Денот на независноста на Република Хрватска, утре во Скопје ќе се одржи концертот „Далмацијо, носим те у крви“.