Гевгелија и Пула ќе соработуваат во областа на противпожарна заштита

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Гевгелија и Противпожарниот сојуз од Пула, Хрватска, денеска  со потпишување Меморандум во Гевгелија ја официјализираа меѓусебната соработка во областа на противпожарната заштита. Воедно, Противпожарниот сојуз од Пула и донира  противпожарна опрема на ТППЕ Гевгелија.

– Ова е само почеток на една долгорочна соработка во областа на противпожарната заштита и се надеваме дека за нас ќе биде од голем интерес и корист во поглед на стекнување искуства и менаџирање во оваа област од страна на нашите гости кои како членки на ЕУ, сето тоа веќе го имаат стекнато, изјави гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков.

Тој се заблагодари за донацијата од гостите која се состои од лични заштитни одела за пожарникарите и противпожарна опрема во износ од 20.000 евра.

Претседателот на противпожарниот сојуз од Пула, Клаудио Карловиќ, истакна дека потпишаниот Меморандум се однесува на соработка во следните пет години и дека се надева оти таа ќе продолжи и после тоа. Изрази надеж дека донираната опрема ќе биде од корист за колегите од Гевгелија кои сега се наоѓаат во ситуација во која биле тие пред десетина години и дека континуирано и сестрано ќе помагаат за надминување на состојбата и приближување до стандардите на ЕУ.

 

One thought on “Гевгелија и Пула ќе соработуваат во областа на противпожарна заштита

  1. Wow, wonderful weblog layout! How lengthy have you ever been blogging for?

    you made blogging look easy. The total look of your site is magnificent, as neatly as the content!
    You can see similar here dobry sklep

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *