Средба на Димитров со пратениците од Бундестагот, Мeтин Хакверди и Кристиан Петри

 Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со двајца пратеници од германскиот Бундестаг, Метин Хакверди и Кристиан Петри, при тоа тема на дискусија беа, пред се, европските интеграции на Република Северна Македонија и очекувањата од претстојниот октомвриски Совет на ЕУ.

Како што соопшти МНР, во таа прилика министерот Димитров се заблагодари за неодамнешната одлука на германскиот Бундестаг за поддршка за безусловно отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, како и за личниот придонес на пратениците Хакверди и Петри во промовирањето на европското досие на нашата земја.

Од страна на гостите, се посочува, беше поздравена силната посветеност и политичка волја за спроведување на реформите неопходни за забрзување на европската интеграција на земјата и реафирмиран ставот дека германскиот Бундестаг ќе остане силен поддржувач на нашата европска агенда и патот кон Европската унија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *