Дебата „Професионална поставеност на новинарската професија – предизвици и компаративни искуства“

 Дебата на тема „Професионална поставеност на новинарската професија – предизвици и компаративни искуства“ ќе се одржи денеска во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

На дебатата, како што е најавено, како панелисти ќе се обратат претставници на Здружението на новинари на Македонија, Советот за етика на медиумите и на ССНМ, како и министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.