Почитуван амбасадор на Кралството Холандија, г. Дирк Јан Коп,
Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија упатува благодарност до пријателска Холандија за вчерашниот позитивен заклучок за отпочнување на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ.
Со голем интерес ја проследивме дебатата во вашиот Парламент и добрите пораки искрено ги вреднуваме. Свесни сме за потребата и понатаму посветено да се вложуваме за напредокот на нашата држава на патот кон Европската унија.
Од наше име Ви благодариме Вам како претставник на Холандија. Истовремено сакаме да се заблагодариме и на Вашиот претходник, НЕ г. Ваутер Пломп кој несебично се залагаше за унапредување на пријателството меѓу двете земји но, и беше гласен поборник за владеењето на правото. Владеењето на правото останува врвен приоритет кон кој ќе се стремиме, и ја очекуваме вашата поддршка. Добрите практики на Холандија, која е еден од светските предводници во однос на ова прашање, ќе ни бидат од корист. Нашата група има сериозен допринос во позитивните промени на реалноста, и воедно изразуваме благодарност за поддршката која ја добиваме. Очекуваме плодна соработка во периодот кој следува.