Методија Димовски: Ветивме и создаваме професионална јавна администрација во интерес на граѓаните и бизнисот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како одговорна и државотворна партија, преку конкретни и развојни мерки обезбедува подобар живот за сите.

Во програмата „План за живот“ поставивме јасни цели за нашето делување како партија на власт и секојдневно работиме исклучливо во интерес на граѓаните и државата.

Ветивме и создаваме стручна и ефикасна администрација која ќе обезбеди квалитетни и навремени услуги за граѓаните и бизнис-секторот.

Мерките идентификувани во Стратегијата за Рефрома на јавна администрација која беше подготвена низ широк консултативен и транспарентен процес, а подоцна усвоена од Владата, ги рефлектираат активностите кои СДСМ ги понуди на граѓаните во Програмата за живот.

Во изминатите нешто помалку од две и пол години:

-Го укинавме психолошкиот тест, кој само создаваше буџетски трошоци и голем простор за корупција и манипулација од страна на власта и ним блиските.

-Воведовме флексибилно работно време на институциите.

-Воведовме двосменско работење во институциите во кои граѓаните реализираат клучни права, за да може да се обезбеди услуга на сите граѓани навремено.

-Постојано ги зголемуваме платите во јавниот сектор врз основа на растот на македонската економија. Последното зголемување од 5%, по усвојувањето на неопходните законски измени минатата седмица, ќе се случи со исплатата на септемвриската плата во наредните денови.

-Отворивме пилот Сала за услуги а во тек е отворање на нови Сали за услуги каде граѓаните можат на едно место да добијат услуги од неколку институции, а паралелно на тоа се постави системот за електронски услуги, кои услугите на институциите за граѓаните и бизнисите ќе ги направи побрзи, поефикасни и поевтини.

СДСМ донесе и нов Закон за инспекциски надзор во кој превенцијата е темел на политиката за инспекциски надзор, што значи дека при идентификувана неправилност во работење на субјектите на надзор прво ќе им биде изречена опомена.

Со започнување на примената на новиот Закон за инспекциски надзор, инспекциските служби веќе нема да бидат инструмент за репресија и политички притисоци, а изборот на правните субјекти кои ќе бидат контролирани ќе се спроведува врз основа на проценка на ризик за појава на неправилности во работењето.

За понатамошно реализирање на реформите во јавната администрација, СДСМ останува НА ПРАВИОТ ПАТ и ќе продолжи реализирањето на постојните политики и стратегии за реформа на јавната администрација и ќе работи на креирање на нови мерки кои ќе бидат усогласени со современите трендови и политики на Европската унија и нејзините земји членки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *