КОНЕЧНО ШАНСА ЗА ПЛАСМАН НА ЕП

Денеска од страна на УЕФА беа извлечени групите во кои 55 репрезентации од Европа ќе се обидат по друг пат, заобиколен да се пласираат во завршницата на Европското првенство.

Македонија имаше лесна ждрепка, па за противници ги доби Лихтенштајн, Гибралтар и Ерменија. Со ниту една од овие три репрезентации не би требало да имаме посериозен проблем околу освојувањето на првото место, но затоа пак доколку бидеме први во оваа група, ќе се сретнеме со првопласираните три селекции од трите преостанати групи кои ги сочинуваат:

Група А

Грузија, Латвија, Казахстан, Андора

Група Б

Белорусија, Луксембург, Молдавија, Сан Марино

Група Ц

Азербејџан, Фарски Острови, Малта, Косово

Ова се дел од противниците кои Македонија ќе ги има на патот кон завршницата на едно големо фудбалско натпреварување. Инаку, паралелно со Лигата на нации, која ќе се игра во термините на пријателските натпревари на ФИФА, ќе се одвиваат и нормалните квалификации за ЕП.