Поразот на Еурофарм Работник во сенка на Платформа за ракометна Битола

Ракометарите на Еурофарм Работник поразени се од Мешков Брест со 31:22,  полувреме  19:12 во СЕХА лигата, но празот е во сенка на денес промовираната Платформа за ракометна Битола која в четврток се очекува да биде изгласана од Советот на Општина Битола.

Тимот на битолските „фармацевти“ поладнево во Белорусија играше без најефикасните бекови Стјепановиќ и Јотиќ кои се повредени, но и неорганизрано во нападот и посебно во одбраната што резултираше со пораз од 9 голови во корист на домашниот Мешков Брест кој доколку голманот Николче Митревски не регистрираше 13 одбрани, тогаш ќе оствараше поголема победа.

Битолската и македонската спортска јавност е насочена кон претстојната стратешки важна одлука и најавеното спојување на РК Еурофарм Работник и РК Пелистер кое треба да биде официјализирано овој четврток на седница на Советот на Општина Битола и според одлуката битолчани на меѓународната ракометна сцена во иднина ќе настапуваат под името Еурофарм Пелистер, додека во националното првенство ќе настапуваат под името Еурофарм Пелистер-2.

Попладнево со соопштение се огласи и компанијата Еурофарм од каде информираат дека се залагаат за реализација на Договорот со Општина Битола за уредување на капиталната и управувачка структура на ракометниот клуб Пелистер.

-Нашите залагања и желба за реализација на „Платформата за ракометна Битола“ беа основна цел со која влеговме во преговорите, а сето тоа да биде на задоволство на сите љубители на ракометот во Битола. Нашиот град оваа ракометна сезона е на картата на ракометна Европа каде што нашите клубови заслужуваат свое место и резултати кои ќе се паметат, нагласуваат меѓудругото во соопштението до спортската и општата јавност од Еурофарм.

38 thoughts on “Поразот на Еурофарм Работник во сенка на Платформа за ракометна Битола

  1. Hello! Do you know if they make any plugins to assist with SEO?

    I’m trying to get my site to rank for some targeted keywords but I’m not seeing very good results.
    If you know of any please share. Thanks! I saw similar blog here: Backlink Building

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *