„Необична вечер“ за крај на театарскиот фестивал во Крива Паланка

 Со претставата „Необична вечер“ од Жан-Клод Каријер, во изведба на  театарот „Стерија“ од Вршац, Србија, вечер ќе заврши Интернационалниот театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.
На програмата синоќа беше претставата „Самци и самици“ на Агенција за сценски изведби „Студио призор“ од Белград, а салата во Центарот за култура се  исполни до последно место. Присутните уживаа во двочасовната комедија на Радомир Вукотиќ.

 

– Фестивалот живее на сцената единаесет години и од година во година се зголемува интересот на публиката, но и бројот на вечери на прикажување на претставите, како и придружната програма. Иако нема театар, Крива Паланка живее со и за театарот во деновите на подготовка и одржување на фестивалот,  рече Антонио Давитковски од Организацискиот одбор на фестивалот.

На годинашното издание учествуваа по два театра од Бугарија (Дупница и Враца) и од Србија (Белград и Вршац), како скопскиот  Драмски театар и велешкиот „Јордан Хаџи Константинов- Џинот”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *