ССМ со заложби за достоинствена работа и социјална сигурност на работниците

Обезбедување пораст на платите, како и еднакви плати за еднакво вреднувани работни места, зголемување на минималната плата во висина од 60 проценти од просечната плата во државата, обезбедување здрави и безбедни услови за работа, социјална сигурност, еднакви можности за сите без дискриминација, развивање на социјалниот дијалог и унапредување на колективното договарање. Тоа се дел од приоритетите во Националната програма за пристојна работа 2019-2022 година на кои потсетува Сојузот на синдикати на Македонија по повод Светскиот ден на пристојна работа.

ССМ соопшти дека во целост го прифаќа и се залага за спроведување на концептот на Меѓународната организација на трудот за пристојна работа, како и дека посветено работи на остварување на Националната програма.

Концептот се заснова на потребата од обезбедување на достоинствена работа и целосна социјална сигурност и заштита на работниците, како предуслов за поголема продуктивност на трудот во компаниите и креирање на балансирани односи помеѓу работниците и работодавачите. Принципите на достоинствената работа се дел од статутарните и програмските задачи на ССМ, кој се залага за демократија, еднакви можности за сите и забрана за сите облици на дискриминација,  вечат од ССМ.

Со  учество во креирање на Националната програма за пристојна работа, ССМ се заложиле главни приоритети за наредниот период да бидат и подобро управување со пазарот на труд, повеќе и подобри работни места, креирање стратегии и политики за вработување, пред сѐ, на млaдите лица и социјално ранливите категории на населението, како и намалување на сиромаштијата.