Формирано координативно тело за ревитализација на околината на велешкото езерото „Младост“

Новоформираното координативно тело за ревитализација на езерото „Младост“ на првата седница изминатиот петок донело неколку заклучоци: првенствено  да се направи итна подготовка на акциски план за расчистување на теренот и подготовка на масовни граѓански акции оваа есен за пошумување на езерото „Младост“ .

Како што информира за МИА, Елизабета Јовчевска од Општина Велес и член на координативното тело, на седницата  од ШС „Бабуна“ информирале  дека за пожарот веќе имаат изготвена детална документација со дигитално снимање на опожареното подрачје.

Според нивната детална анализа, изнесена со состанокот пожарот зафатил површина од 409 хектари од кои 200 хектари се шума. Од зафатените 200 ха шума, 100 се борова и друга зимзелена шума со старост од 30-50години.

Јовчевска појасни дека врз основа на констатираните состојби, на седницата е  заклучено Општина Велес да ги утврди границите за пошумување на 50 хектари опожарена површина надвор од Деталниот урбанистички план за Езеро Младост и да го обележи теренот, ЈП „Национални шуми – Подружница ШС „Бабуна“ да изготви акциски план за   чистење на локалитетот од опожарениот материјал и да ја подготви почвата за акцијата за пошумување.

На седницата се заклучило дека треба да се консултираат експерти од областа на шумарството за видот на садници кои треба да се засадат на опожареното подрачје.

Од Општина Велес, информираат дека активностите ќе финализираат со реализација на масовни граѓански акција за пошумување во ноември и декември годинава, а која ќе стартува со масовна акција за пошумување на 9 ноември Денот на градот.

Заклучоците треба да се реализираат во накраток временски рок, со цел навремено да се завршат подготовките за пошумување и ревитализација на теренот, потенцира Јовчевска.

Инаку од ШС „Бабуна“ како што информира за МИА, директорката Љубинка Попова по две одлагање расчистувањето  на изгорените јагленосани дрва од големиот шумски пожарот,  ќе започне на 11 октомври.

Таа појаснува дека како шумарски инженер заедно со останатите свои колеги од ШС „Бабуна“ одлучиле на просторот над Велешко езеро на повисокиот дел, за есенва на површина од 50 хектари да се засадат првенствено листопадни дрвја, а најмногу багрем, а во помал дел зимзелени  дрвја – чемпреси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *