Полугодишниот економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан ќе биде презентиран денеска во Скопје.
Ова е презентација на 16. издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија.
Извештајот ќе го претстават Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, Сања Маџаревиќ – Шујстер, виш економист и Бојан Шимбов, економист во Светска банка.