Денови на Еразмус+ на Штипскиот универзитет

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска  организира целодневен настан за одбележување на Деновите на Еразмус+  (ErasmusDays2019) за да ги запознае студентите со можностите што ги нуди оваа образовна програма на ЕУ.

Настанот ќе почне со споделување успешни приказни на досегашните студенти и неформална дружба со нив и координаторите на програмата Еразмус+, претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и од невладиниот сектор. Поканети се и студенти од странство за кои ќе се организира церемонија за добредојде на УГД.

Деновите на Еразмус+ оваа година ќе бидат одбележани со повеќе од илјада настани  во 39 држави, меѓу кои и во Северна Македонија. Настанот на УГД-Штип ќе се одржи во Кампус 2 од 11 часот. хс/са/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *