Хашим Тачи го критикува Иванов за Законот за употреба на јазиците

Претседателот на Косово Хашим Тачи ја критикуваше одлуката на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов да не го потпише Законот за употреба на јазиците, оценувајќи ја како „производ на надминат менталитет“.

Тачи го критикува својот македонски колега, кој се изјасни дека Законот за јазиците, така како што беше усвоен, содржи многу пропусти и неправилности.

Посочува дека „високо го цени гласањето за официјализирање на албанскиот јазик“ во Парламентот. Но, одлуката на Иванов ја смета за „жална“.

– Што се однесува до одлуката на претседателот Иванов, тоа е за жалење. Таа одлука е производ на надминат менталитет, но и тоа прашање ќе биде затворено еднаш и засекогаш, без оглед на неговото мислење, вели Тачи во интервјуто за Дојче веле, редакција на албански јазик.

Косовскиот претседател е убеден дека Законот ќе биде донесен и тоа, според него, никој не може да го сопречи тоа.

– Дефинитивно, таа одлука помина и не може да се запре, без оглед на ставот на еден политичар, или носител на некоја функција, смета Тачи.

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека не е никакво изненадувања за него што Иванов не го потпишал Законот, бидејќи ставот на Претседателот бил познат однапред и би било изненадување доколку тој го потпишел законот.

– Но,тоа нема да го попречи Законот да стане закон. Тоа е нешто најзначајно, изјави Рама, посочувајќи дека се чувствува горд кога го обвинуваат дека ги брани Албанците во Македонија и оти ќе продолжи да ги брани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *