Заев во Општина Лозово: Многу е важен фокусот на локалните политики за поголем придонес за поубаво секојдневие за граѓаните од локалните средини

Многу важно да се фокусираме на локалните политики, на најпрактичните решенија кои ќе придонесат да им го направиме секојдневието на граѓаните од локалните средини поубаво и поквалитетно за живот. Да им овозможиме сѐ што е неопходно за пристојна живеачка, во средина која ги исполнува сите нивни барања, порача денеска премиерот Зоран Заев на отворањето на новата зграда на Општина Лозово.

-За неполни две години Општина Лозово доби нова зграда, на простор од 420 м2 со 16 канцеларии, сите опремени со канцелариска опрема и нова компјутерска технологија. Сето тоа им е ставено во функција на општинската администрација со единствена цел – на најдобар можен начин да бидат исполнети потребите на граѓаните, истакна Заев, .

Тој потенцираше дека градоначалникот Ацо Велковски, со поддршка на Советот, успеа, покрај враќањето на долговите, со домаќинско и транспарентно работење, да ја стави општината на здрави нозе и финансиски.

-Општината Лозово веќе е не задолжена и тоа ја става во кондиција финансиските средства што ги добива од граѓаните повторно да им се враќаат во проекти од интерес на сите жители на општината, рече Заев.

Во новата општинска зграда, покрај општинската администрација за краток временски период ќе бидат во функција и канцелариите на администрација на Јавното претпријатие за комунални дејност, како и на подрачните канцеларии на Агенцијата за вработување, на Министерството за труд и социјална политика и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Тоа е придонес повеќе за исполнување на дел од најважните прашања за граѓаните на општината како што се вработувањето, решавањето на социјалните прашања и прашањата поврзани со земјоделството како најразвиена дејност во оваа наша македонска општина, нагласи премерот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *