ОНОМАСТИКАТА НА МАКЕДОНИЈА

1001

Античките Македонци оставиле многу богат глосолошки супстрат во повеќ области. Меѓу другото, античките Македонци  им дале имиња на сите реки во  делот на античка Македонија

Така, Македонија (Μακεδονια, осн. μακ, mak-имашен, блажен, среќен и κεδνος, kednos-грижлив, мил, драг, т.е. среќна земја). Паонија (Παiψν, pajon-син на боговите Посејдон и Хела, лекар на боговите на Олимп, додека παιωνιυθιζω, pajonizo-воена песна да се пее). Пелагонија (Πελαγονια,осн. πελ, πελας, pel, pelas-близок роднина, рамнина и γεν, γονη, gen, gone-раѓање, т.е. богата рамнина).

Орестида (Ορεστις,orestis,осн. ορος, oros-гора).

Елимија (Ελiμεiωτιs, ελιγμα, eligma-кривина, свиок, т.е. криворечие).

Линкестида (Λυγκηστις, осн. λυγξ-рис).

Дериоп (Δερριοπος, осн. δερις, δερος, derris, deros-кожа).

Дасарета (Δασσαρητιδα, осн. δας, das-оган, лач, воена вештина и αρετη, arete-чесност, доблест).

Пиерија (Πιερια, осн. πι, πιων, пи, пион-богат и ιερια, ieria-света, т.е. пресветла).

Аматија или Ематија (Αμαθος, осн. amatos-песоклив).

Алпомија (Αλμωπια, осн. αλς, αλμη, als, alme-солен и ποιεω, pojeo-да создава).

Халкидик (Χαλκιδικη, осн. χαλκος, halkos-бронза).

Античките Македонци, исто така, оставиле многу богат глосолошки супстрат и во други области. Тие им дале име на сите реки во Македонија. Така, Аксиос (αξιος, одличен, најдобар, најголем) е Вардар, Алиакмон (`Αλιακμων, осн. `αλις, alis и halis-многу и ακμη, akme-остар, сила, кривина) е Бистрица, Местос или Нестос (νεGτος-полн, бесен) е Места, Еригон (Εριγων, осн. ερι, eri-многу и γωνια, gonia-агол, кривина, додека γονη, gone-раѓање, силен, плоден) е Црна Река, Стримон (στρυμων-стеснет) е Струмица итн.

1002

Розетата

Тие ги именувале и езерата: Лихнида (λυχνος-светилка, лач) е Охридско Езеро, Вригиис (Brigeis: осн. Βρυω, brio-клокоти и зборот: γεα, γη, gea, ge-земја, област) е Преспанското Езеро, Келетрон (осн. κελ, κελης, κελητιον, kel, keles, keletion-брзопловечка, лаѓа-моноксил и зборот: ροος, roos, ρον, ron-струја, река) е Костурско Езеро итн. Им дале имиња и на многубројни градови: Aigai, Petra, Argos, Emathia, Evropa, Pela, Keletron, Edesa, Nausa, Arnisa, Dion, Veria, Pelagonia, Idomeni, Thermi, Kissos, Mieza, Ossa, Stagira, Olinthos, Siris, Stenai, Alkomenai, Stivera, Stovoi, Lihnida, Amfipolis, Astibos и други.

Интересно е објаснувањето на името на градот Скопје, кој етимолошки потекнува од ПБГ: Σκοπεω, skopeo-да набљудува, σκοπελος, skopelos-карпа и σκοπη, skope-стража. Многу ороними, исто така, потекнуваат од македонските домородци: Olimpos, Pieria, Gramos, Voio, Askio, Verno, Vermio, Varnous, Boras, Hortiatis, Tomoros, Orvilos, Rodopi итн. Го наведуваме словенизираниот назив на планината Пелистер, кој етимолошки потекнува од кованицата περι, peri-многу, прекумерно и зборот: στερεος, stereos-твр, јак или доаѓа од зборот περιστερα, peristera-гулаб, кој бил симбол на Евринома, првобитната божица на сите работи, од пeлaшката митологија за постанокот на светот.

Праисториските Македонци ги втемелиле и називите на местата важни за подоцнешната религија. На својата најголема планина Олимпос (Најопејуван) го поставиле Богот над боговите, Зевс (Диас) со Пантеонот. Тие изградиле и храмови и пророштва, Дион, Питион, Петра и други. Цела област околу Олимп ја нарекле Пиерија, Света Гора.

Имињата на македонските племиња се имиња на животни, билки, занимања, состојби. Така, Линкестите добиле име по рисот (Lingx-рис), Енхелејците по јагулата (enhelis), Дасаретите по шумите (dassos-шума), Орестите по планините, Пелагонците по долините, Елимејците по кривотечната река Калиакмон (Бистрица), Ботиаите по пастирите, Алмопијците се занимавале и тргувале со сол, Дериопите со кожа итн.

Зборот ономастика припаѓа на древниот македонски апелатив, што значи именски, кој се однесува на име. Денес таа се дефинира како наука за сопствените имиња и опфаќа три главни гранки на културата: јазична, историска, географска. Неа ја сочинуваат антропонимијата и топонимијата.

1003

Изучувањето на ономастичкиот материјал во Македонија е од големо значење, давајќи ни известувања од прва рака, зашто во името се крие и особината на лицето кое ја носи (nomen est omen). Наведуваме неколку називи кои во речникот на новогрчкиот јазик се означени како со непознато етимолошко потекло (Mpampinioti, 1998), а припаѓаат на палеобалканската глосологија, односно на древниот македонски јазик и се во секојдневна употреба.

Во ономастиката на Бригите утврдивме околу 50 топоними, 34 етноними и 35 хидро и ороними кои потекнуваат од палеобалканската глосологија. Исто така е и во ономастиката на Тракија, односно Илирија. Антропоними: Bastos (осн. βας, Βασιλευς, bas, basileus–крал и βασταξω, bastazo–носи, држи). Ист е коренот и за ономастиката на Basa, Basos, Bastarevs (осн. βας, bas –крал и ρεω, ρευ, reo, rei-тече); Getas (осн. γη, γητης, ge, getes-селанец); Dada (кованица од δα, da-многу и δα, da-да учи, т.е. многу учен); Dules (δουλη, δουλος, doule, doulos-слуга, роб); Dasius (δασυς, dasis-влакнест); Euadeda (ευαδε, eudade-да се допаѓа, да годи); Mania (μανια, mania-беснило); Mama (μaμμη-баба). Манта (μαντις, mantis-пропок, гатар); Medes (μεδ, μεδω, med, medo-владеење, управување); Tiρas (осн. τυπ, tip, τυποω, tiroo–твори, гради); Pitta (πιττα, pitta-смола); Attas (αττω, atto-истрча, побегна); Gauros (γαυρος, gavros-весел) итн.

Топоними: Almana (αλς, αλμη, als, alme-слана, море и зборот μαν, man-секако). Kidre (κυδρος, kidros-славен). Altos (αλτο, alto-скока). Asara (ασαριον, asarion-пара). Astraia (αστρον, astron-ѕвезда). Galepsos (γαλη, gale-ласица и οψις, opsis-изглед). Bolbe (βολβος, bolbos-лук). Pelion (πελος, pelos-глина). Damastion (δαμαζ, damazo-скроти, победи) итн.

И покрај многуте миграции во Албанија постои богата палеобалканска глосологија. Наведуваме неколку називи:

Tirana (осн. τυρGιs, tirsis-кула, камбанарија, τυραννεια, tiraneja-владеење и τυραννος,tiranos-господар). Drač или Durres (Δυραχιον, dirahion-кованица од δυο, dio-две, и ραχις, rahis-грпка, гора, возвишение, рид). Korča од Koresos (Κορησσος, осн. κορη,kore-девојка, мома, односно ќерка на богот Зевс и Деметра). Himara (Χιμαρος, himaros-јарец, коза или змеј кој исфрла оган, симбол на вулкан). Gjirokastra (αργυριον, argirion-сребро и зборот καστρον, kastron-тврдина). Kakabia (κακος, kakos-лош и зборот βιος, bios-живот). Valona (βαλλω, ballo-фрла, погодува). Pеškopeja (επι, epi-над и зборот σκοπεω, skopeo-наѕирање, набљудување). Оронимите: Zebs (Ζευς, Zevs-бог, богови), Kastrat (кованица од κασις, kasis-брат, братство и зборот στρατια, stratia-војска, чета, т.е. „племенска војска“).

Продолжува

 Sh Donco  slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ – ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

SHARE