ИЛИРИТЕ НА БАЛКАНОТ

 

Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 26

 

 

Делото “Од Панонија до Егеј” од Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин, во издание на “Македонска искра”, Дкопје, 2007, 1-196, е напишано со желба да понуди еден научен поглед, еден систематизиран прилог за овие европски простори од праискона, што можеби би било предизвик на одредена пројава на научниците, пред се’ историчарите и лингвистите, за неконформистичка анализа на праисторијата врз основа на новите извори на информации.

******************

Така, етнонимот на Илирите се’ уште предизвикува различни ставови на археолозите, историчарите и лингвистите, што влијаело да се развие посебна дисциплона со име илирологија. Илирите на Балканот се појавиле во XII век пред Христа заедно со Дорците. Според Тукидит (I,12) тие мигрирале “…осумдесет години по паѓањето на Троја”, т.е. меѓу 1125-1120 година пред Христа.

Илирите биле индоевропска група племиња и нивната татковина била област од курганската култура во Евро-Азија, меѓу Каспиското и Аралското Море. Нивниот етноним претставува заедничко име на разни племиња или народи од западното балканско подрачје, на источниот брег на Јадранското Море, во областите на денешните Црна Гора, Далмација и дел од Босна. Античките современици, Хелените, Македонците и Римјаните ги нарекувале Илири (од зборот ilo.сонце, изгорен). Јужни соседи на Илирите биле Енхелејците (Јагуларите), староседелци на Балканот кои го заземале просторот по должината на реката Дрим, од Охридското Езеро до Бока Которска.

Илирија и Македонија.

Во почетокот на XII век пред Христа, бидејќи Енхелејците почувствувале опасност од Илирите го повикале Кадмо, кралот на Теба, да им организира одбрана. Феникискиот Кадмо бил многу познат по тоа, бидејќи уште во 1313 година пред Христа во Беотија ја изградил многу познатата тврдина “Кадмеј” и градот Теба. Во длабока старост, Кадмо со својата жена Хармонија на воловска кола отишол во земјата на Енхелејците.

Против Илирите тој повел голема војска од Енхелејци и ги победил, а потоа загосподарил како крал на овие области. Хармонија овде го родила синот Илириј, по кого подоцна е наречна оваа земја. По смртта на Кадмо и Хармонија, сопружниците биле погребани кај Епидам (денешен Драч во Албанија).

Во митологијата синовите на Илириј биле Енхелеј, Перхаиб, Антариеј, Тауло, Дасто, Порто и Дисаро, кои станале и епоними херои на разни илирски племиња. Како епонимен херој на илирското племе Хилеи и градот Хил, се споменува Хил син на Херакло и нимфата Мелита. Хил живеел на Коркира (Крф), па со една група свои сонародници се иселил од островот и во Илирија основал колонија и град Хераклија. Хил загинал во судирот со Либурните.

Историографите идентификувале неколку илирски племиња. Пред се’, тоа се Автаријатите од далматинските планини, реката Тара и околу планината Тара, кои во 310 година пред Христа биле преселени и колонизирани  од македонскиот крал Касандар во областа Орбел (кај планината Беласица). Потоа, Ардиеите од Неретва до Драч, Пирусите околу Пераст во Бокакоторскиот Залив, Лабеатите во подрачјето на Скадарското Езеро и Доклеатите во Дукља.

Балканот и Македонија.

Од илирските кралеви историографијата го познава Сир, како прв крал, потоа следуваат Глаку, Бардил, Клејт, Епикад, Плеурат, Генциј, Аргон и Теута (Рендиќ-Миочевиќ, 1989 г.)

Врските меѓу Илирите и соседите Македонци и Хелени зајакнувале од средината на V век пред Христа. Понати се војните кои ги воделе македонските кралеви, посебно Филип Втори и Александар Трети Македонски со Илирите. Политичката организација на Илирите престанала по упорните борби со Римјаните во 167 година пред Христа. Големите востанија на Илирите биле задушувани од 6-9 година по Христа.

Посебно се истакнува илирското племе Дардани кои ја населувале областа северно од Македонија. Нивниот епонимен херој е Дардан, син на Илириј, внук на Кадмо. Илирските Дардани имале религиски обичај да се мијат трипати во животот и тоа: по раѓањето, пред женењето и пред погребот (Томсон, 1954 г., 476)

Современите историографи ги потврдуваат кажувањата на Херодот (V, 9) дека скитските-прасловенски племиња битисувале од Јадран до Персија, а во кои се вбројуваат и Илирите (види кај Скитите).

Продолжува

One thought on “ИЛИРИТЕ НА БАЛКАНОТ

  1. 1 Mafenide is a topical sulfonamide with broad spectrum Gram positive and Gram negative activity, including activity against Pseudomonas spp can priligy cure pe Changes in blood pressure must be carefully monitored when Diotec is used with other antihypertensive drugs, especially during initial therapy

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *