ЈУДАИЗМОТ- РЕЛИГИJATA НА ЕВРЕИТЕ

 

Според пишаните документи, религија е контроверзен поим што некогаш се користи како синоним за вера, се дефинира како верба во нешто натприродно, свето или божествено, притоа има и морални кодови, обичаи и институции поврзани со таа верба. Во најширока смисла, некои го дефинираат поимот како збир на одговори дадени како објаснување за врската на човештвото со вселената

Може да се дефинира и као општествена појава која подлежи на некои одредени закони, и може да се согледа како духовна поврзаност на една група на луѓе со некое вишо, свето битие односно со Бог/ Божество. Низ вековите се имаат создадено голем број на религиозни форми, но денес, низ светот доминираат само неколку големи светски религии.

Една од големите светски религии е, секако, јудаизмот. Тоа е религија на Евреите ширум светот со околу 14 милиони следбеници. Јудаизмот е една од првите запишани монотеистички вери и една од најстарите религиозни традиции кои се применуваат денес. Вредностите и историјата на Евреите се голем дел од основата на другите Авраамски религии како самартијанизмот, исламот и христијанството.

Јудаизмот е прва монотеистичка религија во историјата и се верува во еден бог – Јахве (Богот Јахве, Богот на Евреите, всушност, нема име затоа што Јахве буквално значи – „јас сум тоа што сум“.)

Јудаизмот како религија настанал во вториот милениум пр.н.е. Тој претставува основа од којашто се развиле христијанството и исламот. Јудаизмот е, главно, религија на еврејскиот народ, а е присутна во сите континенти и е мултинационална вероисповед. Оваа религија проповеда верување во еден бог кој се вика Бог, но во Стариот завет е истовремено наречен Јахве, Елохим, Адонај и редица други имиња.

zza2

Се претпоставува дека различните имиња се последица на долгите страдања на Евреите во туѓина, односно во Вавилон и во Египет, но и дека се работи за различни канаански богови чии имиња се врзувале со еврејскиот Бог. Бог претставува морално совршенство и од луѓето бара љубов и праведност.

Јудаизмот настанал во оној дел на светот каде се јавиле низа духовни движења со кои се сакало луѓето да се спасат за вечен живот. Јудејството ја поставило религијата на највисоко ниво; таа го заменила традиционалниот политеизам во вера во еден Бог, Бог на правдата, чии барања за човекова совршеност брзо откриле дека во нив има многу богати духовни чувства за човекот и со тие барања човештвото е упатено кон прогрес.

Јудаизмот во историското значење на зборот е религија која ја исповеда еврејскиот народ, поточно оние кои по историско предание се сметаат за потомци на старите Хебреи а поодредено, потомци на Израелитите населени во 2 милениум пр.н.е. во земјата Канан на брегот на реката Јордан и во западните предели на Мртвото Море. Основен извор на јудаизмот е канонизираната збирка од дваесет и четири книги на Хебрејската библија (која христијаните ја нарекуваат Стар завет), а посебно првите пет книги на Библијата, кои го содржат петокнижието Пентатеух (Pentateuh) или како го викаат Евреите Тора, што значи „учење“).

Тие пет книги ги содржат десетте заповеди што Бог ги дал на Мојсие. Јудејството како религија нема догми. Монотеистичката вера и љубов спрема Бог е уште од времето на Тора чија суштина е Мојсиевската вера. Јудејството по својот карактер е нормативна и практична религија, која по процена на Талмудот (материјал за изучување) на својот верник му препишува 613 постапки и забрани, од кои позитивни се 248 (оние кои се вршат во разни животни ситуации) и негативни забрани 365 (тоа се забрани и прописи во воздржување на некои постапки).

Талмудот човекот го смета за најголема религиозна вредност. Ако човекот се најде во некоја опасност, тогаш дозволено е да се прекрши некој закон, освен три Мојсиеви прописи: забрана за убиство, забрана за прељуба (инцест) и забрана за повреда на идолите. Од ова следи дека по талмудското знаење, битни начела на верата се: почитување на животот, личноста на човекот и вера во еден Бог.

Централни личности во јудаизмот се Адам, Ева, Сет, Аврам, Исак, Јаков, Јосиф, и подоцна Мојсеј. Мојсеј го избавил еврејскиот народ од ропството на Египќаните, ги примил Божјите закони и традиционално се смета за писател на првите пет книги од Библијата. Света книга за јудаизмот е Библијата, односно Стариот завет. Мојсиевото петтокнижие ја содржи историјата на Евреите од Битие до повторното доселување во ветената земја. Но таа, истовремено, претставува и збирка од верски и правни прописи. Талмудот е книга што содржи рабински толкувања на еврејските, односно Божјите закони.

Центарот на јудаизмот е Ерусалим, а најсвето место во Ерусалим е храмот. Од него денес се останати само урнатини кои се познати како „Ѕидот на плачот“. Таму Евреите се собираат на молитва, а местото во кое тие ги извршуваат верските обреди се вика синагога. Синагогите секогаш се свртени кон Ерусалим. Рабин е верски учител и водач во јудаизмот. Саботата за Евреите е ден за одмор и молитва.

Симболи на јудаизмот се: Давидовата ѕвезда, која за Евреите е верски, но и национален симбол. Менората е седмокрак свеќник кој е направен од злато и тежи околу 30 килограми. Јудаизмот е најстара монотеистичка религија која го нагласува практикувањето на религијата повеќе отколку самото верување и според толкувањата на јудаизмот она што ја дефинира човековата религиозност е неговиот начин на живот.

За распространетоста на јудаизмот се споменува податокот дека во светот има 14 милиони припадници на јудаизмот, од кои 6 милиони се во Америка, 4 милиони во Израел, а 4 милиони во другите делови на светот како што се: Источна Европа, Русија и други земји.

Кога се зборува за јудаизмот треба да се спомене дека постои и поделба на јудаизмот на:

ортодоксен јудаизам, кој претставува строго традиционален јудаизам што го прифаќа законот и авторитетот на рабинот, прогресивен јудаизам, кој е претставен преку две движења, и тоа: либерален јудаизам, кој настанал во Европа за време на просветителството во XVIII век и кој го нагласува критичкиот поглед на Библијата, алудирајќи на етичките елементи, реформиран јудаизам, кој ги прифаќа методите на историско-критичкото истражување и го намалува одржувањето на обредите, конзервативен јудаизам, кој настанал во XIX век, посебно во Америка, и е некаде меѓу ортодоксниот и прогресивниот, кој тежнее кон поинакви обреди, но ги прифаќа рабинските преданија, ционизам, кој е националистички, со духовни примеси.

za3

Ерусалим

За основач на јудаизмот се смета Мојсие, кој според преданијата, ќе добие порака од Бога и кој, всушност, е единственото преживеано машко дете во времето на владеењето на египетскиот фараон. Мојсие бил еврејски водач и законодавец кој Евреите ги ослободил од египетско ропство и на Синајската Гора им дал две таблици – закони, кои станале основа на еврејската религија.

Всушност, на планината Синај Господ-Бог ги врежал во камен 10. Божји заповеди, кои и денес се сметаат за врвни морални начела. Бог, всушност, на Синајската Гора склучил договор со Евреите и тој совет е содржан во 10. Божји заповеди, врежани на камената плоча која Мојсеј ја донел од врвот на гората.

Задачата на Евреите била да ја покажат единствената верност на Бога и да изградат примерно општество според законите и правдата што тој им ја подарил, а Бог за возврат ќе им ја дарува нивната сопствена земја и ќе биде нивни заштитник. Она што посебно треба да се спомене е дека еврејскиот народ бил протеруван, сепак, треба да се потенцира нивната верба дека се божји избран народ, успеале да го одржат својот национален, културен и религиозен идентитет, без разлика каде живеат.

Со населувањето на Евреите во Македонија и прогоните против нив, довело до идеолошко раздвижување меѓу Евреи. Ваквата појава се јавило како нетрпеливост кон Римската Империја за еврејската религија која немала класни елементи.

Во еврејската религија во јудаизмот се појавиле три секти: седуксите, претставници на најбогатите слоеви кои барале отворена соработка со Римјаните, зелотите, кои потекнуваат од најсиромашните слоеви и проповедале доаѓање на Божји пратеник – месија кој го замислувале како војнички и народен водач и во таа смисла започнале востание кое трагично завршило за нив, и трети биле есените, од најсиромашните плебејски маси.

Тие уште повеќе го нагласиле моралниот елемент во јудаизмот, тенденција кон општествена правда и единственост, а својот месија го замислувале како морален спасител. Тие проповедале целосна општествена еднаквост, живееле во примитивен комунизам и аскетизам, но не во благосостојба туку во сиромаштија.

Со своите проповеди постепено прераснале во посебна секта и биле предвесници на христијанството. Така есените од секта на јудаизмот преминале во религија, а потоа и во државна религија – христијанство. Крупен чекор од секта кон религија направил апостол Павле кој се смета за идеолог и основач на христијанството.

Продолжува

New Katin

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *