МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Според археолошките наоди (Герашанин, 1988 г.; Гавела, 1988 г.; Папаставро, 1972 г.), преодот од бронзениот во железниот период (1200-800 година пред Христа), повторно бил епоха на превривање и несигурност на Балканот, налик на енолитот, каде се случувале поголеми или помали померувања

Овие миграции биле предизвикани од инфилтрацијата на нови сточарски групи од северопанонските области кон Балканот (а ова може да се следи од културата на полињата со урни во Панонија) што донело нови притисоци, селидби и процеси на прегрупирање, дезинтеграција и распаѓање на старите заедници.

Во Елада, Херодот (I, 56) ги именува како Дорци и ги карактеризира како народ наклонет кон скитања и патувања, и вели: „… Дорците, во време на кралот Деукалион живееле во земјата Фтиотида (област во Тесалија каде пред нив живееле Ахејците сé додека Пелоп не ги преселил на Пелопонез), а во времето на Дор, син на Хелен, во земјата под Оса и Олимп, наречена Хистиеотида. Кога ги протерале Кадмејците, се населиле во областа Пинд во Македонија. Оттаму повторно преминале во Дропида, а оттаму на Пелопонез и го добиле името Дорци.“

Дорците од Дорида, меѓу планините Парнас, Еликон и Китерон во Беотија, се обиделе да ги заземат Атина и Атика, во 1068 г. или 1050 г., каде што живееле Пелазгите и Јоните, но не успеале бидејќи силно им се спротиставил Кодро. Затоа се обиделе да го заземат Пелопонез за што Тукидид (I, 12) пишува:„. . .Дорците, осумдесет години по Илиј (Троја), со Хераклидите (синови на Херакле од третата генерација) го зазел Пелопонез, па одвај, по многу години, Хелада трајно се смирила“. Спред Херодот (VIII, 43), „. . . тие биле по потекло Дорани и Македонци, а се доселиле од Еринеја, од Пинд и најнакрај од Дорида“.

Заземањето на Пелопонез и падот на Микена настанале околу 1104 година пред Христа. Дорците го убиле кралот на Микена Тесамен, син на Орест, кој бил последен од династијата Пелопиди.

pan2

Херодот

По продорот на Дорците на почвата на Пелазгија (Елада), преживеаните Ахејци и староседелците Пелазги и Јони станале робови или побегнале во соседните делови на Мала Азија и Кипар. Ератостен истакнува дека егзодусот на Ахејците од Тесалија почнал веднаш по доаѓањето на Дорците, т.е. 1124 година пред Христа или „шеесет години по паѓањето на Троја“ (Туркидид, I, 12).

Напуштањето на Тесалија од Ахејците било панично, неорганизирано, а со тоа и продолжено, па затоа траело доста долго сé до 1053 година пред Христа (Томсон, 1954 г., 405). Најголемиот број бегалци бил од Тесалија и Беотија, па тие станале носители на дијалектниот ахејски јазик во северозападниот дел на Мала Азија и Еолија.

За потеклото на Дорците Херодот (I, 56) вели дека „Лакедомонците се со дорско потекло, а Атињаните со јонско… Атињаните воделе потекло од Пелазгите, а Лакедомонците се со елинско потекло.“ (Борза: За Дорската миграција)

Правците и етапите на селидбите на Дорците („Скитачки народ“-Херодот, I, 56) во Пелазгија во XIII век пред Христа.

Етапи:

1. Додонска

2. Фтиотидска (во време на Деукалион), 1124 година пред

Христа

3. Хистиеотидска (за време на Дор, син на Хелен)

4. Пидска (со протерување од Кадмејците)

5. Дриопидска-Доридска

6. Пелопонеска, 1104 година пред Христа.

Херодот (VIII, 43) наведува дека центри во Елада биле: Арг, Спарта, Коринт, Епидаур, Трезена, Сикион итн. . . и дека сите тие воделе потекло од Дорците и Македонците… ,,Атињаните биле Пелазги и тогаш се викале Кранеици… Демократијата во Атина почнува со Солон, кој е потомок на Кодро, од еолско потекло. Солон е избран за архонт на Атина во 594 година пред Христа, со широки овластувања. Вовел ново законодавство, даночен, изборен и судски систем, кои придонеле во развојот на земјоделието, занаетчиството, општествените односи, правдата, трговијата и морепловството. По Солон и меѓупартиските кавги, 561 година пред Христа, за архонт дошол Пезистрат, од еолското семејство Позистратиди, за кого Аристотел вели дека неговото управување се смета за најславна историска епоха на Атина, во архајскиот период.“

Со доаѓањето на Дорците во Пелазгија (Елада) и егзодусот на Јонците, Ахејците и делумно Еолците во Мала Азија, биле создадени еолски и јонски сојузи со современа општествено-политичка организација. Меѓу „полисите“ предничеле Ефес, Милет и Смирна, кои уште во VI век пред Христа дале значаен прилог кон светската култура: Хомеровиот еп, феникиско-јонското алфабетско писмо, современата историја, астрономијата, архитектурата и др.

Сето тоа престанува откако Персија ја освоиле Мала Азија и дел од Балканот, иако персиско-елинските војни, 490-479 година пред Христа, завршиле со блескава победа на Хелените.

Не навлегувајќи во понатамошни анализи на историските и општествените настани на почвата на Елада, значајно е да се истакне дека во наредниот период од пола век, Атина го достигнала својот најголем политички и културен подем, со „златната“ Периклева епоха, која се нарекува со терминот „класичен“ облик на цивилизацијата. Се смета дека ова Атина го постигнала зашто имала непосредна демократија, додека во Спарта била „запрена“ цивилизација (Папаставро, 1972).

Меѓутоа, покажаниот антагонизам и атинскиот империјализам довеле до триесетгодишна воена состојба меѓу Спарта и Атина. Спротиставените страни многу ослабеле, а и цела Елада, каде дошло дури и до дезинтеграција на полисите. Единството кое Хелените сами не можеле да го создадат, им го наметнала силата на оружјето на кралот Филип ΙΙ Македонски, по прочуената битка кај Херонеја, во 338 година пред Христа. Со ова, за Хелените почнал периодот на македонското царство кое продолжило и со римското владеење, византиската епоха и отоманската окупација.

pan3

Називот Келти (Κελτοι, основата κελ, κελης-јавачки коњ) првпат се јавил кај Херодот (II, 33 и IV, 49), кој вели дека „Дунав (Истар) извира во земјата на Келтите кои со Кинетите претставува најзападна населба во Европа“. Синоними се Гали и Галати, На полето на археологијата, Келтите претставуваат латенска цивилизација на железниот период во Европа, која се простирала од британските и ирските острови, преку Иберија, Франција, Швајцарија, Италија и Панонија до Мала Азија (Kruta, 1997 г.).

Во контекст на овие истражувања, интересни се лингвистичките остатоци, иако денешното познавање на келтскиот јазик е базирано претежно на келтските јазици од британските и ирските острови, кои се сé уште живи јазици за околу два милиони луѓе. Јазиците на Келтите на европскиот континент и Средно Подунавје постепено се гаснеле и единствено постојат остатоци во топонимите составени со помош на елементот-dunum: тврдина (Сингидунум, Лигдунум и др.)

Продолжува

Sh Donco   slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ – ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН