Претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија, генерал Клаудио Грацијано, денеска допатува во прва официјална посета на земјава, при што беше пречекан со воени почести пред Министерството за одбрана и Генералштабот, од неговиот домаќин началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
За време на престојот во Генералштабот и Министерството за одбрана, покрај средбата со генералот Ѓурчиновски, Грацијано ќе се сретне и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а ќе одржи работен состанок со дел од клучниот персонал во ГШ.