Министерката Дескоска на конференција во Тирана – It’s all about Justice

Министерката за правда Рената Дескоска денеска во Тирана учествува на Конференција на високо ниво, насловена „It’s all about Justice“, која е организирана од страна на Министерството за правда на Република Албанија во соработка со Советот за регионална соработка (RCC).

На форумот, како што информира Министерството за правда, ќе се дискутира околу исполнувањето на европските стандарди и реформите во областа правда, унапредување на владеењето на правото и зајакнување на регионалните напори да се постигнат ефикасни реформи, што е всушност суштината на патот на регионот кон ЕУ.

На конференцијата, министерката Дескоска ќе ја презентира генералната слика на спроведените реформи и постигнати резултати во правосудниот систем и искуството од соработката со Венецијанската комисија и другите релевантни меѓународни фактори.

На конференцијата учествуваат министрите за правда од Западен Балкан, претставници на граѓанските организации и експерти кои работат во областа владеење на правото. Покрај министрите за правда, на конференцијата учествува и претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *