За пријателските односи и заедничката иднина разговараа Пендаровски и Ѓукановиќ

Пријателските односи меѓу Северна Македонија и Црна Гора, кои споделуваат заедничко минато и се стремат кон заедничка иднина преку интегрирањето во евро-атлантските институции се во фокусот на разговорите меѓу шефовите на двете држави, Стево Пендаровски и Мило Ѓукановиќ.

Пендаровски денеска во претседателскиот кабинет во Вила Водно на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека Ѓукановиќ, кој престојува во официјална дводневна посета на земјава.

Посетата на црногорскиот претседател е воедно и прва официјална посета на странски претседател на Северна Македонија во мандатот на претседателот Пендаровски.

Двајцата претседатели имаа тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок меѓу македонската и црногорската официјална делегација, по што тие ќе одржат заедничка прес-конференција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *