Заев со делегација на Банката за развој на СЕ: Изградбата на Клинички центар е приоритет за Владата

Претседателот на Владата, Зоран Заев во придружба на министерот за здравство Венко Филипче, денеска имаа средба со делегација на Банката за развој на Советот на Европа, предводена од Витомир Мајлс Рагуз, регионален менаџер на банката.

Од владината прес-служба соопштија дека тема на средбата била информацијата за најновиот статус за изградбата на новиот клинички центар во Република Македонија за чија реализација е обезбеден кредит токму од страна на Банката за развој на Советот на Европа.

На средбата во Владата на Република Македонија биле презентирани фазите за реализација, имајки ги предвид прашањата за локацијата на клиничкиот центар, изградбата, опремувањето на клиниките соодветно на најновите достигнувања во медицинската технологија, како и прашањето на инфраструктурните проекти за поддршка на работењето на центарот и сообраќајните решенија.

На состанокот со претставниците на банката била искажана јасната определба на Владата на Република Македонија дека ова е еден од најважните приоритети во оваа година, и дека се очекува конечната одлука за најдобрите опции за изградба на Јавната здравствена установа клинички центар „Мајка Тереза“ да биде донесена на една од наредните седници на Владата.

Апдејтираните моменти на проект за новиот клинички центар кои главно се однесуваат на инфраструктурните и сообраќајните решенија, ќе бидат презентирани и пред целиот состав на Владата на денешната седница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *