Димитров во Брисел се сретна со Могерини

Европската иднина на Македонија беше во фокусот на разговорите на денешната средба во Брисел  на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

– Најголемата патриотска должност на нашата генерација е да успееме да го фатиме возот за ЕУ и да обезбедиме европската иднина, стабилност и просперитет на македонските граѓани, напиша Димитров на својот налог на Твитер.

За време работна посета на Брисел предвидено е Димитров да се сретне со заменик-претседателот на Европската комисија Франс Тимерманс, со еврокомесарот за образование, култура, млади и спорт Тибор Наврачич и со генералниот директор за проширување Кристијан Даниелсон.

Предвидени се средби и со претставници од кабинетот на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер, како и со европратеници.

Димитров од утре до 26 јануари, покана на претседателот на Светскиот економски форум и член на Управниот одбор, Борге Бренде ќе учествува на 48. годишен состанок на СЕФ во Давос. Тој, како што соопшти МНР ќе биде во состав на македонската делегација, предводена од премиерот Зоран Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *