Мало е учеството на граѓаните во креирањето на политики на локално ниво

Мала е вклученоста на граѓаните во креирањето на политики на локално ниво и забележано е дека се случува по потреба, кога на пример ќе има поплави и тогаш е потребо вклучување на заедницата.

Таква е оценката на Институтот за истражување „Импакт“, изнесена во денешата промоција на анализиата „Граѓанско учество во креирање политики и донесување одлуки на локално ниво: Компаративна анализа од Југоисточниот плански регион“.

– Дел од проблемот е што тие инситуционални механизми кои постојат не се искористени, а дел е тоа што не се прилагодени на потребите и на начинот на комуницирање кој го бараат граѓаните, рече д-р Елена Ставревска, истражувач во проектот.

Како дел од истражувањето, во август 2017 година, истражувачки на „Импакт“ спроведоа фокус групи со претставници на советите и општинската администрација во сите десет општини од Југоисточниот плански регион за практиките на консултација со граѓаните, граѓанските организации и бизнис секторот во процесот на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво.

Според Инстутот „Импакт“, главни препораки за функционална и отчетна локална и месна самоуправа се суштинските елементи не само на демократските општества, туку можеби уште поважно, на општествата кои се фокусирани на унапредување на животот на сите граѓани.

– Десетте општини од Југоисточниот плански регион нудат бројни добри примери на практики на вклучување, како и научени лекции од тој процес и соодветни препораки, коие е важно да се споделат и дискутираат не само меѓу општините во ргионот туку и со другите општини во Република Македонија и соодветните институции на државни ниво, стои во заклучоците и препораките од истражувањето.

На промоцијата беше истакнат примерот на одржувањето на шесте референдуми во исто толку оштини од Југоисточниот регион, на кои граѓаните гласаа за или против изградба на рудници во овој дел на државата и притоа беше истакното дека од осамостојувањето на Македонија овие се досега најмасовни форми на непосредно изјаснување на граѓаните.