На промоцијата заеднички организирана од „Диван“ и Клубот на писатели „Рацин“, промотивна рече за збирката поезија одржаа писателите Шефкија Боранчиќ, Игор Крајчев и Авдулах Рамчиловиќ.Промоцијата од името на Парламентот ја отвори пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, кој ги поздрави присутните гости, авторите и љубителите на поезијата.
– Пораките на разбирање, љубов, мир, слога, почитување се пораки на писателите застапени во збирката поезија „Мостови на пријателство 3“, но и универзални пораки со кои можеме да градиме подобра иднина. Нека ни е среќен, вечен и вековит Денот на Бошњаците и заедно со сите граѓани на Македонија и регионот да одиме напред, градејќи подобра иднина, која е можна само доколку искрено градиме мостови на пријателство, како тоа што го правите вие писателите, порача Рамчиловиќ.На присутните автори и заслужни поединци и институции за развој на културата во земјава, претседателката на „Диван“, Сафета Цуцак им додели благодарници.