Делегација на Прилеп на Меѓународна Асоцијација на градови носители на пораката за мир

Делегацијата на општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски од денеска до 29 септември ќе учествува на 30 генерално собрание на Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир, што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

На годинешното собрание на Меѓународната асоцијација ќе се разговара на теми поврзани со одржливите развојни цели на Обединетите нации, за промоција на културата за мир во 21 век со акцент на Декларацијата на ОН за човекови права и создавање инклузивни, безбедни и одржливи градови.

Како што информираат од локалната самоуправа, годинава Прилеп станува дел од Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир каде учествуваат претставници на 113 градови од светот.  Асоцијацијата е основана во 1988 година.

Предвидено е в сабота прилепскиот градоначалник Јованоски да има излагање. Потоа, преку видео презентација ќе биде претставена „личната карта“ на градот, како и природните богатства, културно-историското наследство и на можностите за инвестирање кои ги нуди општина Прилеп.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *